1 март 1930 година во кафаната на хотел “Југославија“ во Кавадарци бил одржан првиот избор за мис (најубава девојка) на Кавадарци.
Договорот за избор на мис на Кавадарци бил донесен на состанокот на Управниот одбор на културно-уметничкото и спортско друштво “Братство“, кој се одржал во аптеката на Бошко Марковиќ, која била сместена во просториите на хотел “Југославија“. И покрај тоа што не се знаат имињата на најубавите девојки, сепак се знае дека најубавата девојка добила комплет прибор за ручек, а нејзината придружничка рачен млин за мелење на ореви. Наградите на победничките им ги поделил Петре Камчев - Американецот, сопственик на хотелот, кој бил и спонзор на целата оваа манифестација.