Општина Кавадарци-Локална самоуправа, објавува Јавен Повик за идеи и предлози за збогатување на програмата како и на квалитетот на стопанско-туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“ со акцент на „Винскиот карневал“ 2018 година.
„Тиквешкиот гроздобер“ како заштитен знак на градот и општината ги заслужува и ги очекува вашите мислења, идеи и предлози.
Вие почитувани граѓани на овој начин, директно ќе помогнете во сите забавни и културни содржини на најстарата стопанско-туристичка манифестација во Македонија.
Вашите, идеи и предлози мoжете да ги испраќате на електронската адреса opshtinа@kavadarci.gov.mk или во пишана форма доставено до канцеларија на Граѓанско информативниот центар во канцеларијата бр 17 во зградата на Oпштина Кавадарци најдоцна до 01.04.2018 година,„ се јаведува во Јавниот повик.