Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=2655
    [QUERY_STRING] => id=2655
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 38604
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.144.25.248
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732491231.0852
    [REQUEST_TIME] => 1732491231
)
( Видео) Јанчев / Ке спречам секаков „напад“ на Паркот


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Јавноста денеска беше запознаена со детали околу урбанизацијата на подрачјето до Градскиот парк –„Љупчо Шкартов“-

Додека е градоначалник- Митко Јанчев нема да дозволи урбанизација на Градскиот Парк„Љупчо Шкартов„.Новиот Генерален Урбанистички план, има предвидено и заштитна зона, со која паркот се заштитува и нема можност , ниту законска сила некој да гради во него.Јанчев е во тек со сите гласни реагирања на граѓаните, со Иницијативата за зачувување на Градскиот парк, и лично е против да се гради на подрачје кое е наменето за одмор и рекреација.Како функционер ке ги артикулира и исполнува желбите на граѓаните за зачувување на овој дел на градот од било какви „напади„ од урбанистички карактер, напротив ке ги зголемува површините под зеленило.

113000.jpg

Но она што е озаконето и низ сите процедури е поминато датира од 2003 година кога со ГУП(ГЕнерален урбаничтилки план) е вметната изградбата на сегашните објекти кои се градат.Парцелите се купени , и 2007 година ставени се во Програма на Собрание на Општина и Совет за детално нивно урбанизирани со ДУП, каде е наведено дека ке се градат.Од 2013 година започната е процедура за урбанизирање на ова подрачје од споменикот на „Киро Крстев- и Димче Мирчев„ до таканаречената прва уличка на Паркот .Нема можност процесот да се врати назад- бидејќи беќе 15 години овде траат и завршени се сите постапки на купување, планирање на урбани и комунални изведби, запазени законски процедури на јавна расправа и анкета,се до донесувањето на ДУП каде се предвидени 5 маркици за изградба : П+3 објекти за домување во индивидиални куќи и трговски комерцијален центар (дуќани,пошта,и други комерцијални објекти) кој се наоѓаат во средишниот дел на овој урбан објект, каде сега е пробиена и тампонирана една сообраќајница, која ке го побврзува овој дел со градот.

Денеска на отворена средба со новинарите јавноста беше детално запозната со детали за урбанизацијата на овој дел на градот.Изјави на Цветанка Тодорова Лекоска-Сектор за урбанизам на Општина Кавадарци и Митко Јанчев-градоначалник на Општина Кавадарци.

„Деталниот урбанистички план „Дисанска“ е влезен во програма за изработка на урбанистички планови уште во 2007 година, врз основа на базичен документ од ГУП кој што е усвоен во 2003 година. Изработувач е „Перкан проект“ Прилеп, подизведувач „Интер инвест ин“ Кавадарци, ревидент на планот е „Зу ас“ Скопје. Во понатамошната постапка на планот имаме мислење од комисија во 2010 година утврдување на нацрт план 27.10.2010 година на совет. Па следи јавна анкета која траела од 11.11.2010 до 24.11.2010 каде јавноста може да има увид на планот која одела во три јавни гласила, иако законска обврска на општината е да оди во две гласила. Стигнале 6 анкетни листа, постапено е по нив. Презентацијата е одржана на 23.10.2010 година, каде биле присутни 21 лице и службите од општината. Добиени се позитивни мислења од јавни институции, од МЖСПП, Комуналец, Телеком, дирекција за заштита и спасување, Министерство за култура и ЕВН Кавадарци. Првото испраќање за согласност до Министерството за транспорт и врски е на 28.03.2011 година,. Согласноста е добиена на 30.09.2011 година, од МТВ, и на 30.10.2013 година е донесена одлука на советот за усвојување на планот. Како процедура, траела од 2007 до 2013 година“ рече Цветанка Тодорова Лекоска од Секторот за урбанизам при општина Кавадарци.

„Овој ГУП и ДУП во делот на градбата кај споменикот на Ќиро Крстев и навлегувањето делумно во паркот е донесено во 2013 година. Јас како градоначалник, како општина и советот немаме можност да донесеме решение за укинување на ДУП или ГУП кога има издадено дозволи за градба. Инвестирано е во објекти и направена е инфраструктура. Инвестицијата тука воопшто не е занемарлива. Можеме како општина за во иднина на сите зелени површини да им ставиме граница, односно минимална граница и ја загарантираме таа граница. Како градоначалник стојам на располагање дека мора да се грижиме за зелените површини во делот на екологијата и во делот на самата градска средина, да добиеме почист воздух и средина. Се што имаме во понатамошен развој поготово во делот на градба, јавно и транспарентно ќе ги објавуваме до јавноста преку медиумите и ќе гледаме нашите служи да бидат поажурни, во она што значи да ги информираат граѓаните и да им укажат колкава е нивната можност за навремено да реагираат, кога се носат урбанистички планови. Кога во 2013 е донесен планот не реагирал никој. Процедурата траеле неколку години , а не реагирал никој. Донесена е одлука од сите министерства и релевантни институции. Ние сега после 5 години не можеме тоа да го ревидираме или да им правиме опструкција или нешто ново да донесеме“ рече Јанчев денеска пред новинарите.