- На сцената ќе видиме исклучиво машка екипа: Диме Коцевски, Видан Станоев, Љупчо Настов, Коле Колев Зезо и повратникот Диме Боцев.
Нешто повеќе од една година од премиерното прикажување на хит претставата „Стјуардеси“, аматерскиот театар при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од синоќа и официјално ги започна подготовките за новата претстава, „Ужасите предизвикани од пасивно пушење“, која дефинитивно ќе ја одбележи новата театарска сезона.
Претставата е во режија на Јордан Витанов, кој по втор пат ќе го постави драмскиот текст „Пасивно пушење“ на Небојша Ромчевиќ, откако на истиот текст минатата година работеше и со велешкиот театар.Куриозитет е и тоа што за прв пат после подолго време на сцената ќе видиме исклучиво машка екипа, Диме Коцевски, Видан Станоев, Љупчо Настов, Коле Колев Зезо и повратникот Диме Боцев, која според досегашната работа и репутација најавува нова фантастична претстава.