Според проектот старата жардинерија е целосно отстранета, а на нејзино место ќе биде изградена нова со дрвени клупи за седење.
Вработените и механизацијата на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работат на целосна реконструкција на жардинеријата околу јаворот пред седумкатницата во центарот на Кавадарци. Според проектот старата жардинерија е целосно отстранета, а на нејзино место ќе биде изградена нова со дрвени клупи за седење. По изградбата на новата жардинера просторот во неа ќе биде хортикултурно уреден, подлогата со плочките на плоштадот санирана и израмнета и побезбедна за движење на пешаците.