Фудбалот не е игра само на машките.Имаме таленти за фудбал и меѓу девојките
Вчера во Прилеп во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се одржа Државното првенство во фудбал за основните училишта во женска конкуренција.На ова натпреварување на кое настапија најдобрите девојки- фудбалерки во Mакедонија кои учaт основно образование учествуваа четири екипи, а настапија и наши ученички од ООУ „Страшо Пинџур„ –Кавадарци.Екипата која ја предводеше наставникот по физичко воспитување Милан Колев го освои одличното второ место, а нашата Сара Стојилкова беше меѓу најдобрите на турнирот.
Честитки за одличната организација на ова првенство како и на младите фудбалерки кои денес постигнаа одлични резултати.
Првото место го освои ООУ„Бајрам Шабани„ втори беа фудбалерките на ООУ„Страшо Пинџур„ –Кавадарци, трето место за ООУ„Кочо Рацин„-Прилеп и четврто место за ООУ„Ристо Крле„-Кадино чија екипа беше прогласена за –фер-плеј екипа.