КОСЕЊЕТО НА ОБРАСНАТАТА ТРЕВА СЕ ОБАВУВА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ
Во корелација со општината и комуналниот инспектор Јавното претпријатие „Комуналец“ со неговата оператива интензивно работи на косење трева на повеќе локации во градот.
Се коси запуштената трева на просторот кај зградите „Кочо Рацин“ и кај станбениот комплекс на улицата „Бел Камен“.
Целата на оваа акција е да се уредат зелените тревни површини согласно стандардите, а воедно и да се оневозможи постоење на простор со обрасната трева и вегетација која би била погодно место за престој на влекачи и глодари кои се потенцијална опасност за месното население кое гравитира околу овие зелени површини.
Косење беше извршено и на тревата на јужната и северната страна кај спортската сала кое го изведоа вработените во ЈП „Јасмин“.