Во Галерија при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, во петокот на 27 април беше отворена изложба на уметнички фотографии на Александар Кондев и Илија Узуновски.
Ги видовме фотографиите кои инспирираат со своите теми, за настани и теми од Македонија и далечната Aвстралија и други предели од светот.Забележани во дел од секундатсекоја тема зборува за времето, просторот,историјата,лугето,обичаите,за животот на културите. Изложбата беше во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
На отварањето говореа директорот на Домот на Културата -Александар Малинков,авторите Илија Узуновски и Александар Кондев и Љупчо Илиевски кој со присутните ја сподели својата перцепција за двајцата автори истакнувајќи ги нивните поединечни творечки потенцијали кои иако различни сепак имаат уметнички вредности, поради што и се интересни и привлечни за публиката.