Општина Кавадарци изразува Jавен интерес за извршување на работни задачи од областа на Внатрешна ревизија во општина Кавадарци.
Целта на внатрешната ревизија е на раководителот на субјектот од јавниот сектор да му обезбеди независно разумно објективно уверување и совет со цел за подобрување на работењето на субјектот и зголемување на ефикасноста на системите за внатрешна контрола.
Со цел да се придонесе во подобрувањето на работењето на институцијата а согласно членовите,29,30,31 од Законот за јавна внатрешна финасиска контрола,Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават на јавниот повик за регулирање , развој и усогласуваење на системот на внатрешна ревизија.
Заинтресраните лица треба да ги исполнуваат овие услови.
-Завршено универзитетско образование од областа (Правни и економски науки)
-Работно искуство и познавање од областа на Внатрешна ревизија.
Заинтреесираниет лица треба да ги достават следниве документи:
-Пријава со кратка биографија
-Доказ за завршено образование
-Доказ за работно искуство.
Пријава со бараните документи да се достави во затворен плик со назнака; За јавен повик-внатрешна ревизија, во архивата на Општина Кавадарци најдоцна до 18 .05. 2017 година.