Градоначалникот Митко Јанчев вчера попладне имаше средба со жителите на селата Дреново и Возарци
Жителите од Дреново и Возарци во постојните амбуланти во двете села во иднина два пати седмично ќе можат да се консултираат со лекар, а пет пати, да користат било какви здравствени услуги од медицинска сестра. Ова им го вети градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој синоќа се сретна со нив, за да разговара за приоритетите за инвестирање во комуналната свера во наредниот период.Во село Возарци меѓу другото, ќе се активитраат две занимални за детска градинка, ќе се изврши регулирање на атмосферската канализација и догради колектор.
Во село Дреново, ќе се исчистат каналите за прифаќање на пороите, ке се реновира и адаптира амбулантата, ќе се уреди игралиштето и исчисти депонијата.Проширувањето на пристапниот пат до селото се планира за следната година.
- Општина Кавадарци е во одлична кондиција. За наредниот период имаме проектирано добра комунална изградба. Тука сме заради дополнителни добри идеи и проекти, за да може да ги спроведуваме на терен, рече градоначалникот на Општината Митко Јанчев. Во рамките на активностите на локалната самоуправа, градоначалникот ги посетува месните заедници, а ќе ги посети и урбаните, за заеднички да поразговара со населението, околу неговите потреби.