На пригодно дефиле , кое се организира по повод 20 мај-Денот на пожарникарите на Македонија, кавадречките пожарникари ја демонстрираа моќта на противпожарната заштита
Ново возило со подвижни скали за интервенција на восочини, донација на Машинокоп во вредност од околу 40.000 евра , и дефиле низ централните улици со демонстрација со инервенција на извлекување на човек од возило во сообраќајна несреќа како и класично гаснење на пожар на височини. Денеска беше претставена обновената единица за противпожарна територијалана заштита Кавадарци која со доаѓањето на чело на Општината, новиот градоначалник си ја постави како задача, и како што гледаме ветувањето го исполни.
Обновени се целосно со реновирарање на постојните простории на зградата на Пожарната,примени се неколку донации на возила ,примени се на работа 16 нови пожарникари.Дреклермајер донира комплетна опрема за пожарникарите и сега сите се идентично униформирани.Пред новата градска власт,Советот на општината и претставнци на јавниот живот и граѓани денеска кај Спортската сала Јасмин беше оджрана демонстрација на моменталана моќ на пожарникарите од Кавадарци.