Општина Кавадарци преку оператривата на фирмата „Изолација“ од Скопје започна со асфалтирањето на новиот кружен тек. Во наредните неколку денови на новоформираните кловозни ленти ќе бидат поставени два слоја нов асфалт.
Кружниот тек се наоѓа на спојот на улицата „Блажо Алексов“ со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“. Кружниот тек е побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици по кои се одвива значаен дел од патниот сообраќај во градот, поточно тоа е влезот од правец на Неготино.Работите ,како што сме известени,ке траат до 5-ти јуни.
Изведувач на земјените работи беше фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.
Со ова ново сообраќајно решение се создаваат услови за оптимална проточност како и безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот.