Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=2978
    [QUERY_STRING] => id=2978
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 22316
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.145.103.169
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732489854.9868
    [REQUEST_TIME] => 1732489854
)
Соопштение на ОО на СДСМ/Правиме се во оваа една година да го поправиме пустошот на ВМРО-ДПМНЕ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОО на СДСМ му одговара на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на нивната пладневна прес конференција на која ги нападнаа за погубните политики.Во одговорот СДСМ наведува дека “успесите на Владата се повеќе од очигледини“.Сите функционери од СДСМ кои добиле јавна функција на локално или на централно ниво, истата максимално ја користат за подобрување на јавните услуги од страна на институциите, а не за лично богатење како што беше случај со голем дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ

„Почитувани сограѓани

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ како да не живееле во Република Македонија, во периодот на нивното десетгодишно владеење. Се она што СДСМ го прави во оваа една година е поправањето на пустошот кој ВМРО-ДПМНЕ и го нанесе на Република Македонија, и на домашен и на меѓународен план.

Успесите на оваа Влада се повеќе од очигледни. Владата предводена од СДСМ за една година успеа да ја зголеми минималната плата на 12.000 денари. Со оваа мерка повеќе од 90.000 граѓани земаат повисока минимална плата. Со ова се отвори спиралата на раст на платите. Просечната плата е повисока за 5,6% во однос на минатата година. Оваа Влада успеа да привлече 235 милиони евра странски дирекни инвестиции, без дополнителни трошоци за рекламирања и роуд шоуа. Меѓутоа фокусот не е ставен само на странските инвестиции. Со значителни средства се помагаат и домашните компании. Наместо во споменици, владата предводена од СДСМ почнува да гради патишта, гасификација, канализациони и водоводни мрежи. Правната држава во Република Македонија конечно почнува да функционира. Тоа се резултатите на оваа Влада.

Секогаш кога локалната власт ќе спроведува политики кои не се во интерес на граѓаните на општина Кавадарци, ние како СДСМ ќе бидеме овде тие политики да им ги посочиме на граѓаните. Аргументите изнесени на вчерашната прес конференција, беа потврдени и од раководителот на секторот финансии во општина Кавадарци. Раководителот потврди дека зголемувањето на даночната обврска е резултат на проширувањето на даночната основа, односно поради зголемувањето на проценетата пазарна вредност на недвижниот имот. Споредете ги даночните решенија од претходната и тековната година, и ќе ја увидете причината за зголемувањето.

Сите функционери од СДСМ кои добиле јавна функција на локално или на централно ниво, истата максимално ја користат за подобрување на јавните услуги од страна на институциите, а не за лично богатење како што беше случај со голем дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.„ се вели во соопштението што до РТК.МК го достави ОО на СДСМ Кавадарци.