Денеска интернатот го посети кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. За промена на подот на површина од околу 400 квадратни метри, општината издвоила околу 300 илјади денари.
Дополнителни околу сто илјади денари биле вложени и од самата државна установа.
Новата инвестиција значи и подобрување на условите во овој ученички дом.
Во оваа прилика овде најавуваме инвестиција и за наредната година, за купување на нови душеци. Можно е сумата која што ќе се издвои да биде и малку поголема од сега вложената во овие простории, рече Панов во изјава за медиумите.
Директорката Трајанка Толева информираше дека на стартот на новата учебна година, овде се сместени 60 средношколци од цела Македонија. Тие посетуваат настава во кaвадаречките средни училишта и како што нагласи, благодарение на Владата на Република Македонија, бесплатно престојуваат во дом
Проследете ја целата изјава на Толова на следниот линк: https://youtu.be/yzWRBqbcvLU