Ке се отстранат 1.700 м2 оштетен асфалт, по што ќе следува поставување на нов асфалт
Работите стартуваа со гребењето на старата и дотраена aсфалтна подлога на улицата „Јован Планински“. Овде треба да се отстранат 1.700 м2 оштетен асфалт, по што ќе следува поставување на нова асфалтна маса во должина од околу 300 метри.
Овој зафат ќе ја чини општината 1.813.000 денари, а парите се обезбедени од буџетот од сметката за комунална изградба.