Промовирана првата “Македонска Рок енциклопедија“, на авторот Тошо Филиповски.Одличен музички настан подготвен од Домот на Културата-Кавадарци
Би рекле извонреден настан,еден од ретките каде публиката и промоторите беа во непосредна симбиоза, и речиси слично размислуваа.Музиката ја има таа магична моќ тоа да го направи и затоа ни беше задоволство што бевме дел од овој настан, кој како повод го имаше промовирањето на првата РОК Енциклопедија на Тошо Филиповски.
Го слушме авторот, кој важи за еден од најдобрите познавачи на македонската рок музика, инаку долгогодишен музички новинар, организатор на рок концерти и фестивали и редок хроничар на македонските рок состојби.Тој добро ги познава приликите во рок музиката кај нас, секако и во Кавадарци, кој според него важи за еден од најрокерскитите градови во државата .
На присутната публика и сопствениците на единствената “Македонска Рок енциклопедија“ им се обратија дирекоторот Алексдандар Малинков кој не го криеше задоволството од масовнната посета на настанот и убавата топла атмосфера создадена на него и Марјан Тодоровски-би рекле одличен познаавач на приликите во рок-музиката кај нас. Тој е активен во ова сфера и има во него потенцијал- да стори уште многу.Тодоровски прави квалитетни осврти и колумни поврзани со рок музиката-отворен е да го каже она што го мисли за ова музика-и добро е понекогаш така да се размислува.Нам особено ни се бендиса неговата кратка, искрена експесија во најавата на настанот, што доволно зборува за респектот кој го има кон познатите или помалку познатите рокери од Кавадарци и околината кој дојдоа во петокот навечер во Домот во Кавадарци.
Се на се одличен евент. Затоа и РТК.МК снимаше (еден поголем дел од него) и им го нуди на сите заинтересирани(особено за оние кои не дојдоа).Да не забаравиме го проследивме и настапот на двајца извонредни кавадаречки рок гитаристи Ристе Димитров (Smoke Shakers/Bad-Ass-All) и Виктор Кимов (Leksikon), а во наредниот период ке имаме можност да видиме докуметарен филм за македонската рок музика од шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, како и разговор со авторот за Македонската рок енциклопедија.