Oд Комуналец-Kaвадарци соопштуваат дека е можен пад на притисокот за вода во текот на ноќта.Причина е дефект на филтер станицата.
Во вечерните часови ЈП Комуналец- лиферуваше соопштение кое се однесува за граѓаните а поврзано е со снабдувањето со вода за пиење.Имено во соопштението се вели дека :„Поради дефект на филтер станица за вода за пиење, можен е пад на притисокот на дел од дистрибутивната мрежа во текот на вечерните часови. Стабилизација на состојбата очекуваме во текот на утрешниот ден„.