Градежната сезона во општина Кавадарци во комуналната изградба е во полн ек.
Градежни работи се одвиваат на потегот од спојот со улицата „Партизанска“ кај „Кулата“ па до спојот со улицата „Блажо Алексов“. Проектот опфаќа расчистување,тампонирање и поставување на павер елементи со што се оформува тротоар. Вкупната површина на тротоарот која ќе биде поплочена изнесува 460 м2, а Општината за оваа намена ќе инвестира 528.822,80 денари. Парите се обезбедени од општинскиот буџет програма за комунална изградба.
Заврши поплочувањето и на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа.
Станува збор за проект на општината Кавадарци, реализиран на барање на жителите од овој дел, со кој се поплочија дополнителни 200 м2 од
оваа улица.
Општината за оваа намена издвои 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.