Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“.
Финишираат работите со поставување на асфалт на површина од 605 метри квадратни,.Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.За оваа намена општината потроши 1.155.000 денари, од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.