На платото под Винска куќа во Градски парк Кавадарци, по седми пат се одржи Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“.
Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“ е посветена на Дејан Костов Лиса, урбан лик од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки ликовни уметници, музичари и литерати, дете на поубавата страна на кавадаречката приказна вчера беше посетена , се чини, од најмногу посетитали , досега.Во чест на Лиса, се одржаа: Изложба на оригинални уметнички фотографии на Јадран Манчев, целовечерна свирка на Bad-Ass-All, рок бенд со оригинална урбана кавадаречка приказна, видео/фото презентација на материјал од претходните изданија на Манифестацијата.Седмото издание на Меморијалниот настан “Денот кога се роди добриот човек“ беше во организација на Здружнието за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, а е поддржано од Министерството за култура на РМ.РТК.МК беше на лице место на настанот.