Новата детска градинка ќе згрижува 75 деца на возраст од 3 до 6 години.Во Кавадарци и понатаму насушна потреба има за нов простор за деца.На свеченоста присутни градоначалникот Митко Јанчев и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска
Деца, родители,лица од јавниот живот,детска музика, џагор.Убава слика во дворот на Здравствен дом каде е сместена нова единица-објектот „Буба Мара„- каде од денеска ке можат да се згрижат 75 деца на возраст од 3 до 6 години.Свеченото пуштање на објектот на ДУ „Рада Поцева„- ке го намали притисокот од родителите за околу 400 деца колку во моментов чекаат на ред за место.Градоначалникот вети дека за две години ке е изгради нова детска градинка и ова прашање ке биде решено.
На свеченоста денеска Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Митко Јанччев со директората на Установата „Рада Поцева- Цанка Добринова говореа за новиот објект,фукционалност,учеството во градбата и значењето, како и за вкупната политика за грижата за нашите најмлади.