Едногласно Советот на општина Кавадарци ја усвои одлуката со која се дава гаранција за задолжување на ЈП Комуналец Кавадарци.
Заемот кој ќе биде земен, објасни директорот на Комуналец, Ѓоко Поп-Ицов е исклучително поволен, а ќе биде наменет за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа.
Едногласно советот даде овластување на градоначалникот за потпишување на договор за финансирање на програмата за водовод и канализација, фаза, чекор 2 кој се однесува на договорот за заем склучен во 2009 година.