ЈП Комуналец Кавадарци ќе изведува градежни работи за поставување на атмосферска канализација на Западен Булевар, на потегот од Северен Булевар до Флот Стакло.
Поради наведените причини ќе има прекин на сообракајот во двата правци Кавадарци-Росоман и Росоман-Кавадарци, во времетраење од пет часа, и тоа од 7 до14.30часот.Ќе се пропуштаат само возилата на брза помош. Во случај за неодложни работи ве советуваме да го користите заобиколниот пат покрај Дреново до Росоман.Земјоделците и останатите корисници на земјоделски машини можат да ги користат и заобиколните полски патишта.