Кавадарчанецот Мите Ташев беше дел од петчлената македонска екипа која учествуваше на првата европска централна вело трансферзала „Виа Централа“ која на 21 август стартува од Белград, а заврши во Хамбург-Германија.
На патот долг 2.000 километри, Ташев заедно со останатите учесници застанааа во Сомбор, Дунавјарош, Будимпешта, Кхлаба, Шаморин, Братислава, Виена, Опатов, Прага, Усти над Лабом, Дрезден, Десау, Вербен, Лауенбург, Глукштат, за според предвиденото пристигнуваа во Хамбург.
Заедно со Мите Ташев, во македонскиот тим се и Мартина Николовска и Владимир Гаштевски од Битола, Кристијан Ќулумовски од Ресен и Војислав Гушевски од Скопје кој е иницијатор за настап на оваа тура.
На својот ФБ профил за својот подвиг ,Мите напиша:
„2.000 км што ви е вас: одговорот на сите пред да тргнеме . 20-ти тргнавме за Белград 21-ри ја почнавме турата. Имавме многу предизвици и тешкотии оставени двајцата сами на себе со велосипедите кои беа тешки речиси 50 кг. Спиевме само по 5 часа на ден на отворено и тоа имаше вечери со температура од 3 °C. Возевме по 190 км просек на ден. Мапата не исфрли во шуми каде што немаше никаков пат извозевме 100 км offroad. Дупнавме 6 гуми 3-3 нерешено. Кога стигнавме во центарот на Хамбург чувството не се опишува УСПЕАВМЕ. Запознавме многу нови пријатели по пат, поминавме низ Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија и Германија. Сепак беа во право за 2.000-те км, поминавме само 1924 км кои ке ги паметиме до крајот на животот. Благодарност до спонзорите„.