72 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ-СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ7
Советот и градоначалникот, вечерва ја одржаа редовната свечена седница на највисокото законодавно тело на Општина Кавадарци.Повод беше одбележувањето на 7-ми Септември, Општинскиот празник и 72 годишнината од ослободувањето на Кавадарци.
Прилика повеќе да се направи ретроспектива на едногодишната работа на Советот и градоначалникот истовремено да се потсетиме на НОБ, и борбата за ослободувањето од фашизмот.
Претседателот на Советот, Горица Пеливанова –Вилхелм во своето обраќање до присутните зборуваше за активноста на ова тело изминатата година при што советниците донеле повеке законски акти ,решенија и одлуки со што се створиле услови за решавање на бројни прашања и проблеми со кои се соочувале граѓаните од градот и руралните средини.Таа наброја повеќе проекти кои изминатиот период се наметнаа пред другите со потребата од изградба.
Градоначалникот Панов ги наброја покаратеристичните изведби -вложувања во институциите од образованието,доградбата на кејот на реката„Луда Мара“,замената на азбесно цементните цефки на водоводната мрежа во горната зона на градот,реконструкцијата на филтрите на „Лукар„, промената на подот на Ученичкиот дом,новите апарати и возила во ЈЗУ „Здравствен дом„-Кавадарци,уредувањето на просторот зад зградите „Лепотици„,извршеното уредување на сите влезови кон градот,изградено тениско игралиште,асфалтиран патот Крњево –Бохула,започна изградбата сообраќајниот влез во градот и други вложувања во руралнитенаселби и друго
Кавадарци е една од Општините каде е забележан најголем процент на вработување како резултат на добрите односи со бизнис секторот,изграден е НВО Центар, а започна иизградбата на концертна сала во ОМБУ„Лазо Мицев Рале“ , а извршена е и реконструкција на Спомен куќата на народниот херој „Страшо Пинџур“.
Градоначалникот Панов им се заблагодари на борците што меѓу првите во Македонија го ослободиле Кавадарци од фашистите и им оддаде признание на оние кои се бореа а особено оние кои ги положија животите за слободата.
Беше доделена и 7-мо Септемвриската награда.Годинава Советот највисокото признание го додели:Посхумно на ликовниот уметник Глигор Чемерски,потоа на Примариус.Д-р Бранко Поповски-раководител на Гинеколошко-Акушерското одделение во Општа болница Кавдадарци и на Благој Пешиќ-пензионер-познат стручњак по стрелаштво.
Во музичкиот дел на програмата настапија „Трио Либриум„ , Стевче Волчев и солистот Радица Костадинова