Боенка на младиот ликовен уметник и дизајнер Пане Хаџи Василев .Денеска во ООУ„Димката Габерот“ во Кавадарци боенката доживеа промоција
Темата на овој мал проект кој сам го финансира е поврзана со иднината на нашите најмали-децата.Во нив Хаџи Василев видел голем потенцијал во периодот кога привремено предавал ликовно образование во основното училиште „Димката Ангелов Габерот-Кавадарци“.
„Секој од нас кога е мал има своја желба што ќе биде еден ден, па затоа во оваа боенка, која денеска им ја понудив на учените, решив тоа да го сторам со порака дека, колку и да е тешко и невозможно ако веруваме во самите себе ,и го посакуваме ,тоа може и да го оствариме.„-вели Пане.
Неговата намера е никогаш да не се откажеме од тоа што го сакаме.Истото и тој го направил-и затоа се надева дека малите луге ке го расберат најдобро.