Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=345
    [QUERY_STRING] => id=345
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 19756
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.135.205.231
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732477934.1584
    [REQUEST_TIME] => 1732477934
)
Современ Мамограф за откривање рак кај жените


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со ова Кавадарци прв пат ќе добие мамограф. Со негово ставање во функција, ќе се овозможи на околу триесетина илјади жени од регионот, да можат да добиваат ваква здравствена услуга. Мамографијата е многу важна здравствена услуга заради превенција и рано откривање на рак на дојка кај женската популација, кое е најчесто малигно заболување кај жените. Од овој аспект, јас сум многу задоволен што за прв пат овде ќе може да се дава оваа здравствена услуга и што жените од овој регион нема да бидат принудени да одат и да патуваат во други градови, за да ја добијат оваа услуга, нагласи министерот.

000000bolnica kje dobie mamograf

Тој потсети дека порано за ваква услуга мораше да се патува до Велес, Неготино или Скопје. Тоа значеше и финансиско оптоварување и губење на време. А времето, како што рече, во оваа ситуација може да биде сериозно значаен фактор. Затоа што при рано откривање, многу поголеми се шансите да се излечи оваа болест, отколку тоа да се констатира во многу поодмината фаза.

Министерот се договори со менаџментот на болницата некаде кај 21 септември овој апарат да се стави во услугата „мој термин” и да почне да функционира, а мамографијата да заживее и во Кавадарци.

Во наредниот период ќе се направат напори да се започне и со скринингот, односно со превенција за рана детекција на ова малигно заболување кај женската популација.

Во понеделник во болницата ќе биде присутен стручен тим од Скопје кој ќе прави обука на рентген техничарот за техничко користење на токму овој апарат. Тој е обучен за мамографија, но сега ќе се обучува конкретно за овој апарат.

Министерот Тодоров нагласи дека станува збор за најсовремен апарат од најнова генерација, комплетно дигитален и со многу мало зрачење. Со можност за помош при детекција на промените кои се јавуваат, за ништо да не може да се промаши. И на тој начин да може да се добие повисоко ниво на здравствена услуга и квалитет на здравствената услуга која се дава.

Апаратот е во вредност од над околу 7,5 милиони денари. Ќе биде ставен во функција на жителите од Кавадарци и поширокиот регион.

Досега околу триесетина здравствени работници од Кавадарци беа испратени на едукација надвор од Република Македонија. Тоа, како што рече тој, овозможува зголемување на нивото на квалитет на знаења, вештини, но и вмрежување. Креирање на пријателства и познанства со други доктори од други држави. Тоа овозможуа размена на искуства и знаења, а понекогаш и консултации за пациенти и слично.

Апаратот набавен од Министерството за здравство се наоѓа на рентген одделението во болницата. – Со ова ние ќе продолжиме да даваме подобра услуга за пациентите, рече во изјава за медиумите, директорот на болницата Орцо Ангеловски, изразувајќи задоволство што Кавадарци и регионот добија мамограф.