Изложбата беше отворена во Мултимедијалниот центар Матица Ексклузив во Скопје.Овој настан од културата го отвори и за творештвото на Владимир Темов говореше македонскиот писател со кавадречко потекло Блаже Миневски а на присутните им се обратија и писателите Раде Сиљан и Ефтм Клетников.
Отварањето на ликовната изложба во Скопје на Владимир Темков го збогати настапот на легендарнот исполнител на забавни мелодии Драган Мијалковски.
Инаку со оваа изложба Матица Македонска ја продолжува традиција да ги афирмира високите вредности на македонските уметници.Во изминатите шест години во престижниот салон на „Матица ексклузив“ беа реализирани изложби од истакнатите македонски сликари:Васко Ташковски,Глигор Чемерски,Газанфер Бајрам,Коле Манев,Павле Кузмановски,Симон Шемов,Стефан Хаџи Николов,Новица Трајковски,Ниче Василев и други.