Стартува најголемата и најквалитетна со настани манифестација од областа на културата кај нас.
Домот на културата„Иван МазовКлиме„ и ова есен под покровитлство на Советот и Градоначалникот ја организира манифестацијата „Кавадаречка културна есен„.
-Во неа ке бидат поместени повеке десетици настани од културата;изложби,промоции, концерти, разни презентации и претставувања на успешни и млади неафирмирани творци и други - истакна на ортварањето на „Есента„- Александар Малинков-директор на Домот на Културата.
Ова манифестација од културата синоќа содржеше изложба и концерт.
На изложбата беа преставени околу 30-сетина дела насликани на „Радовишката локовна колонија“
-Се работи за квалитетна ликовна средба на околу 20-сетина уметници од неколку земји од Балканот и Европа, и лично сметам дека колонијата спаѓа редот на најдобрите во земјата, рече академскиот уметник и еден од уесниците на Колонијата Владимир Темков.
Изложбата ја отвори и кратка беседа одржа организаторот и претседател на Здружението на ликовните уметници на Радовиш, Душко Коцев.
Веднаш по изложбата се одржа целовечерен блуз концерт со "Igi Man Trio" во состав: Игор Станоевски Игимен, гитара/вокал; Петре Ангелов Фиш, бас/вокал; Горан Митрев, тапани; .Kako гостин бастапи - Рената Симоновска.