Во јавноста малку е објавено од фотохронологијата на Кавадарци од апаратот на Ристо Чачков-Чачко,познат на постарите и амнонимен за помладите. Тој често фотографираше со неговиот 100 години стар апарат на три ногарки со темна комора и кој на лице место правеше фотографии. И ова фотографија е така направена.Квалитетот за разлика од неговите колеги фотографи беше послаб.Но Чачко имаш своја душа-оригинална и чаршиска.На фотосот се наоѓаат: Пано и Душко Мустеникови, Коко на Гошо, Трајко Дазо со стариот мајстор Саво Малинков во нивниот дуќан. Фотографијата е на Ристо Чачков.
Дуќанот на Ристо Чалков и денеска стои-руиниран ,но се наоѓа во состојба како порано на улицата „7 Септември“ за да сведочи дека во собичето имаше фотографска работилница на Мајстор Чачко.