Првиот уписен рок трае од 12 до 14 август
220 Слобдни места на студиските програми за лозарство, енологија, индустриска логистика, компјутерско инженерство и технологија и компјутерски науки се слободни за идните студенти на дисперзираните студии во Кавадарци на универзитетот „Гоце Делчев“.
Според објавениот прв конкурс за упис на новите бруцоши, најмногу слободни места, вкупно 60 има за студиската програма индустриска логистика, од кои 40 се во редовни во државната квота, 10 редовни со кофинансирање и 10 вонредни студенти.
На земјоделскиот факултет слободни се вкупно 100 слободни места, од кои 50 за студиската програмата енологија и 50 за лозарство. Во двете студиски програми 30 студенти ќе бидат примени во редовната државна квота, 10 со кофинансирање и 10 вонредни.За студиската програма компјутерско инженерство и технологија слободни се 35 места, а за компјутерски науки само 25 места.
Првиот уписен рок трае од 12 до 14 август, а право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование
М.Д. & Д.У.