Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3678
    [QUERY_STRING] => id=3678
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 3946
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.222.121.24
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732488289.9045
    [REQUEST_TIME] => 1732488289
)
Вработените во ФЕНИ Индустри бараат завршување на стечајот


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Работниците велат дека состојбата е далеку подобра од пред стечајот, но сепак стечајната постапка спречува за повисока плата и трајно вработување.

Да се стави крај на стечајот на ФЕНИ. Доста ни е неизвесност и несигурност. Не можеме да тргнеме напред се додека не излеземе од стечајот. Зошто непотребно се пролонгира стечајната постапка, се дел од пораките и барањата што вработени на Фени ги испраќаат до Судот и надлежните органи.

Неодамнешната одлука на Судот за враќање на планот за реорганизација поднесен од ГСОЛ/ Еуроникел, а изгласан и потврден од 98 отсто од доверителите, предизвика големо разочарување кај вработени кои постојано се во исчекување на конечно решавање на нивната состојба и иднина. Затоа, непосредно пред новото рочиште во велешкиот суд, тие бараат да се стави крај на стечајот, да може Фени да работи во полн капацитет и со тоа да се подобри и нивниот статус.

„И покрај тоа што редовно земаме плата, сепак не се чувствуваме ослободени од неизвесноста а како резултат на стечајната постапка којашто непотребно се пролонгира и покрај кристално чистата ситуација. Посебно кога знаеме дека секакво пролонгирање е на штета по нас вработените, а и за самата компанија. Затоа, бараме од Судот и од надлежните органи што поскоро да се заврши стечајната постапка и оваа неизвесност за нашата иднина. Бараме сигурност и трајно вработување и нема да дозволиме ова измачување да продолжи и некој да си поигрува со нашите животи“, вели Трипче Силев вработен во Фени Индустри.

„Работиме нормално и со нормално производство, плата се зема редовно а се исплаќа и К15. Единствен проблем ни претставува стечајот, имаме договори месец за месец, неизвесноста се одразува и на нас, никој не знае што ќе биде. Не е јасно зошто се одолговлекува толку долго кога новиот инвеститор ги има подмирено сите долгови кон вработените и доверителите. После излегување од стечајот за нас ќе следи трајно вработување и зголемување на платите, иако сега се далеку подобри од порано. Заради статусот ‘во стечај’ не може да се склучат долгорочни договори со соработниците и со тоа да се добие подобра цена. Се на се, стечајот лошо и негативно се одразува на се и сите поврзани со фабриката“, вели Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикалната Организација на Фени Индустри.

„Работата и платите се нормализирани, но заради продолжувањето на стечајната постапка не можеме да тргнеме напред. Се сè одвива нормално, а нас не ни е јасно зошто стечајот толку се пролонгира. Се надеваме дека оваа неизвесност конечно ќе заврши и судот ќе го прифати планот за реорганизација, за да може да работиме со полна пареа“, вели Душко Јорданов, вработен во Фени Индустри.

За синдикалната организација на Фени Индустри, одлуката на Апелациониот суд да го врати планот назад во судот во Велес претставува играње со судбината на 800 вработени и со нивните семејства и загрозување на нивната егзистенција.

„Во изминативе месеци, откако се појави новиот инвеститор, ГСОЛ, сите наши барања поврзани со вработените во Фени се исполнети, сите вработени се задржани на работа и редовно земаат плата. Тоа значеше дека стечајната постапка е успешна, фабриката рестартирана и немаше потреба целата постапка да почне одново. Најголемиот доверител во Фени, ГСОЛ, односно нивната компанија во Македонија, Еуроникел овозможи комбинатот да продолжи со работа. Редовно комуницираме и договараме конкретни чекори како да се постигне колективен договор и понатаму да се подобруваат работните услови и бенефиции. Единствена пречка во исполнување на овие барања, што се реткост некоја компанија во Македонија да ги има имплементирано, е се уште активниот стечај. Со излегувањето и официјално од стечајот, за нас се отвара можност заеднички да ги решаваме барањата со инвеститорот“, велат од Синдикатот на ФЕНИ.

Случајот на Фени Индустри според многумина е издвоен како позитивна стечајна приказна затоа што штетата по работниците беше минимална, а истовремено се одвива производниот процес. Такво е мислењето и на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството– СИЕР.

„Без оглед на сите проблеми, случајот на ФЕНИ мора да се издвои како најпозитивен споредено со сите други, бидејќи постапката се спроведе релативно брзо, без големи последици, а работниците останаа цело време на работа, редовно остваруваа приходи, ги наплатија сите неисплатени побарувања, така што штетата по нив беше навистина минимална. Работниците со нетрпение очекуваат да го заменат статусот на стечаен работник со редовен работен однос, тие не се чувствуваат ослободени од неизвесноста заради стечајната постапка којашто непотребно се пролонгира и покрај толку чиста ситуација. Нејасно е зошто е пролонгирањето кога знаеме дека секакво пролонгирање е на штета на работниците и на фабриката“, вели Маре Анчева Генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството– СИЕР.