Станува збор за комунален проект на општина Кавадарци според кој претходно беше извршена експропријаци заради пробивање на улицата.
Улицата е широка 5,5 метри, во должина од 100 метри, а се асфалтираше површина од 550м2. Со овој зафат се создаде нова урбанизирана улица која на жителите од овој дел на градот ќе им овозможи пократка, побрза и побезбедна комуникација.