„Да надградуваме и напредуваме во општество кое не познава дискриминација”.
Во саботата на 15.12.2018) за првпат во Кавадарци се одржа турнир во мал фудбал посветен на борбата против расизмот и говорот на омраза во организација на Локален Клуб на СДММ – Кавадарци.
На турнирот учествуваа 12 екипи. Освен Кавадарчани, се натпреваруваа екипи и од Скопје, Битола, Прилеп, Струга и Неготино. За отворен турнирот беше прогласен од Министерот без ресор и претседател а ПЦЕР – Самка Ибраимовски. Победник беше екипата “Килери” од Кавадарци, за најдобар стрелец е прогласен Бекир Мемедов, а за најдобар голман Борис Китаноски.
Турнирот помина во одлична атмосфера и во 5-часовната другарување а беше пренесена и пораката “Да надградуваме и напредуваме во општество кое не познава дискриминација”.