фото: Атанас Николов
Снежниот бран кој го зафати и подрачјето на Општина Кавадарци засега причинува проблеми во снабдувањето со електрична енергија во планинскиот дел на Општинава.Од утринава струја немаа селата Бохула, Страгово, Крњево и други села поврзани со далноводот кој ги снабдува со електрична енергија.
Висната на снежната покривка во ридско планинскиот дел изнесува од 40 до 80 см. Во одделни села таа се движи различно: Во 8 часот во Бохула изнесуваше 55 сетина, Бошава 45, а снег и понатаму паѓа.
Од Центарот за управување со кризи од каде и ја добивме информацијата, велат дека Регионалниот пат Кавадарци -Мушов Гроб-Мрежичко и кон Конопиште се чисти од наносите од снег.Препорака за оние кои се движат по овој правец , ако тоа не им енеопходно, да не тргнуваат на пат.
Во Кавадарци висината на снегот е незначителна,сите патишта и улици се суви поради ниските температури. Засега надеж дека ке имаме снег и во градот ни дават новите снежни врнежи со кој е зафатено Кавадарци.