ОО на СДСМ -Кавадарци им ги честита Божиќните празници на сите граѓаните посакувајќи добро здравје,благосостојба и мирен духовен жувот.
„Почитувани сограѓани,
Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци ви ги честита Божиќните празници, со желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот.
Овој голем христијански празник нека донесе љубов и мир меѓу луѓето, топлина во семејниот дом и поттик за надеж и верба во животот.
Меѓусебната почит, толеранцијата и разбирањето се вредности кон кои тежнееме, и во тој дух, посакуваме уште посилно да ги развиваме овие вредности во годината што доаѓа.
Нека е честит големиот празник Рожденство Христово – Божиќ!
За многу години.
Христос се роди! “
Со почит
О.О СДСМ Кавадарци