Деновиве започна со реализација проектот за изградба на кеј шеталиште на реката Луда Мара низ селото Ваташа.Станува збор за четвртата фаза од изградбата на кејот. Согласно проектот треба да се изградат 770 должни метри нов кеј на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат.
За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.