Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека од денеска започнува акција за чистење на сите улици.
Општина Кавадарци преку службата „Мој општинар“ во кординација со ЈП „Комуналец“, од денеска започна со акција за миење на улиците и тротоарите на територијата на град Кавадарци.
Во акцијата се вклучени 3 тима кои ќе работат со механизација на ЈП Комуналец. Во наредните денови ќе ги мијат улиците и тротоарите од остатоците на ризла, како и од наносите на земја и кал на коловозната површина. Во акцијата е вклучен и трактор со приколица и работна рака која ќе ги отстранува поголемите наноси што водата нема да може да ги исчисти.Ќе биде вклучена и Противпожарната единица со свои цистерни како и механизација од компанијата Кожувчанка.Акцијата „За чисто Кавадарци“ ќе ги опфати сите улици во градот, а поинтензивно ќе се одвива во деновите кога временските услови дозволуваат ваква активност.Се апелира до граѓаните своите автомобили да ги паркираат на соодветните места се со цел акцијата да се одвива непречено.