Со грант вреден педесет илјади евра од Владата на Јапонија, ќе се реконструира детското одделение при Општа болница со проширена дејност Кавадарци, а ќе се набави и медицинска опрема.
-Со овој проект уште еднаш ја потврдуваме заложбата за подобрување на условите во нашата болница и зголемување на нивото на здравствена заштита, вели доктор Диме Коцев, специјалист уролог и директор на болницата во Кавадарци.
Со поддршка од 30.500 евра, ќе се поддржи и постави и парно греење во подрачното училиште во село Долни Дисан-Неготино, кое работи во рамките на ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино.Директорот на ООУ„Гоце Делчев„Петар Мантев не го криеше задоволството од грантот:
-Со инсталирањето на парно греење, ќе се создаде попријатна атмосфера за одвивање и следење на образовно-воспитниот процес, нагласи тој.