На прес конференција нa OK na ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци денеска одржа портпаролот и Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Д-р Тони Нешковски
„Почитувани
Веќе две години живееме во држава каде правото и правдата не се почитуваат. Секојдневно имаме прекршување на законските и уставни рамки на Република Македонија и за тоа никој не сноси одговорност.
Сведоци сме како образовани млади луѓе, па и добро ситуирани семејства секојдневно се иселуваат во потрага на земја каде владее правото и каде корупцијата не е норма на секојдневното живеење.
Почитувани, вчера и официјално започна предизборната кампања за претседателските избори во Република Македонија.
Татковината не повикува! Сега е времето кога треба да се казни оваа тоталитарна власт, власт која како канцер го гризе општеството.
Времето кога треба да ја зачуваме нашата татковина и да ја потврдиме Република Македонија.
Единствената личност, која може да не води напред кон остварување на нашите цели е Проф. Гордана Силјановска Давкова
Токму затоа, ОК на ВМРО- ДМПНЕ Кавадарци ве поканува Вас, членовите, симпатизерите на ВМРО- ДПМНЕ и сите оние кои не се согласувате со политиките на оваа власт на Митинг , Среда во 20:30 часот на Градскиот Плоштад во Кавадарци, масовно да ја поддржиме идната претседателка на Република Македонија, Проф. Гордана Силјановска Давкова.
Благодарам.“