Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=416
    [QUERY_STRING] => id=416
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 33753
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.137.169.56
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732493804.307
    [REQUEST_TIME] => 1732493804
)
ПОЧНАА ПРЕДИЗБОРНИТЕ ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во прилог ви ги доставуваме двата интегрални текста, и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ

Интегралниот текст на Претседателот на СДСМ Кавадарци - Зоран Ѓорѓиев:

0000sdsm

Додека лозарите се соочуваат со најтешката година при откупот на грозјето и неизвесна е нивната егзистенција, затоа што родот им скапува на нивите. Додека работниците од Кавадарци и Тиквешијата работат во приватни и странски компании за едвај 9.000 денари, и тоа за викенд и празници. Претседавачката на Совет, Горица Пеливанова во анкетниот лист има пријавено три стана во Скопје и два во Кавадарци во вредност од 536.000 евра. Според моменталната евиденција на Катастар, Пеливанова поседува два стана во Скопје и два стана во Кавадарци.

Зошто Пеливанова не пријавила промена на имотната состојба со продажбата на станот во Скопје во вредност од 250 илјади евра?

Станови во Скопје се омилен начин на трупање на богатството на поединците од ВМРО-ДПМНЕ.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Ташев станал сопственик на два стана од 2009-2016 година, во Кавадарци и Скопје. Становите се со вредност од над 80 илјади евра, пријавени на име на неговата сопруга.

Зошто Ташев неја пријавил промената на имотната состојба?

Граѓаните што едвај врзуваат крај со крај, прашуваат како функионерите на ВМРО-ДПМНЕ успеале да заштедат стотици илјади евра за станови во Скопје?

Државна комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на овие лица и да превземе соодветни законски мерки.

На 11 декември, граѓаните ќе им кажат збогум на корумпираните и истрошени политичари од ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат чесни, одговорни и способни луѓе кои што ќе донесат подобар живот за сите.

Интегралниот текст на Претседателката на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци - Горица Пеливанова Вилхелм:

0000vmro

Згрозена сум од начинот на кој што СДСМ сака да поентира меѓу граѓаните, а посебно кај лозарите.Тешко ми е кога гледам дека шират лаги и манипулираат со податоци наместо да лобираат особено кај откупувачите кои во нивно време им ги продадоа откупувачките центри само затоа што биле послушници на СДСМ.Почитуван претседателе на СДСМ во Кавадарци. Повторно ништо нема да направите со ова. Само ги потгорувате проблемите на лозарите. Само им ветуватe дека ако гласале за СДСМ, мед и млеко ќе тече после тоа.

За разлика од СДСМ, Сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци се во секојдневни разговори и со лозарите и со Владата за да се донесат мерки кој вистински ќе ги обештетат лозарите кои нема да го продадат грозјето на откупувачите оваа година, а тие мерки наскоро ќе бидат објавени од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Околу лагите искажани за мене и за мојот имот, сакам да им објаснам на јавноста во Кавадарци дека имотот е уредно пријавен во Анти-корупциска комисија, а за станот кој Господата од СДСМ велат дека е „Спорен“ (е пријавен во антикорупциска, а го нема во катастар), тоа е затоа што сеуште се исплаќа, а од фирмата од кој е купен сеуште не е префрлен на мое име.

За јас да бидам Отчетна кон граѓаните, и тој стан го пријавив во Антикорупциска, кој поради мојата јавна функција законски морам да го пријавам секој мој имот.

Имотот што го поседувам е стекнат со мојата плата и со платата на мојот сопруг кој е странец и работи во друга земја. Горда сум на мојот сопруг кој се одлучи наместо во неговата земја (Франција), да живее и инвестира во Македонија. Целиот имот кој гласи на мое име е транспаретно стекнат, согласно законите во Република Македонија.

Во меѓувреме ги истраживме имотните листови на советниците од СДСМ. Таму драги мои сограѓани има советници кој воопшто не доставлиле имотни листови до Антикорупциска-комисија. А зошто?

Зошто, ќе објасниме во друга прилика, да видите како тоа загрижените Господа од СДСМ се богатат на сметка на лозарите.

Жал ни е што Господата од СДСМ тераат политики на лаги и манипулации, наместо да помагаат и да лобираат особено кај откупувачите кои имаат тесни релации со нив. Денес и тие се дел од оваа Влада и пак ништо не превземаат, но народот памети и ќе се искаже на 11-ти декември.