Денеска во салата на Собранието на Општина Кавадарци, во организација на МАНУ и Универзитетот “Гоце Делчев“ Штип се оддржи промоција на монографијата АЛШАР - светско природно наследство од авторите: Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов, Петре Макрески, Владо Матевски и Иван Боев. На промоцијата присуствуваше и за значењето на ова издание говореше и Градоначалникот м-р Митко Јанчев. За самата монографија пригодна реч имаше претседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Таки Фити кој рече дека целта на ова студија за Алшал е да се даде детален опис на локалитетот,неговата геологија, истражувањата, врзани со староста на Сонцето и да се наде научен придонес во разјаснување на мистериите на Алшар како место со најголема концентрација на на лорандит. А за лорандитот подробно говореше Академик Влада Уроишевиш, така што на јавноста и беа разјаснети некои недоречености и објаснети разни геолошки случувања во минатото (посебно видео на You tube со целото негово искажување) Говореше и еден од авторите ,академик Глигор Јовановски и секако проф. д-р Блажо Боев, дописен член на МАНУкој се чини е најзнајачната научна линост која инсистирана и работела на лорандитот и на Алшар окилу 40-години.Тој беше јазен во мислата дека ова е мошне значајно издание за Кавадарци и не само за Кавадарци.Тој за прв пат ја откри инијативата за рализација на проектот за Геолошкиот парк на Кожуф планина кај Алшар за пошироко запознавање на овој регион од страна на светската јавност.