Се работи за класично дело базирано на филмот кој едно да најгледаните детски бајки за деца во светот.
Ова е обемна детска престава,на наши услови , каде глумците се покажаа како професионалци,каква ги бараше режисерот Микица Илова. Преставата се спремаше полни 2 месеци. Костимите и даваат посебна убавина на сцената , на целата престава. Ги изработи Благица Илиева . Оригинални се или верни на оригиналот.
“Волшебникот од оз„ ја глумат ученици од Гимназијата ,Лозаро-шумарското и средното училиште „Киро Спанџов Брко“ на возраст се од 16 до 18 години.Направија одлична глума, на сцената добро се однесуваат, природни се и во нив има артистичка кариера.
Важен е елемент има раскажувач во претставата, што е заштитен знак кој потсетува на бајките кои главно децата ги слушаат како раскажани приказни, за да ги разберат подобро.
Во претствата играат:Розе Милкова,Александар Стојанов,Мартин Гогов,Сашко Орешков,Стојанче Вангелов,Смиља Бошкова,Софија Маркова.Сцената подршка беше на Диме Темков а плакатот ги изработи Билјана Соколова Тодоровска,
Трајче Јованов- ја изработи кореографија. Тој се јавува и во улогата на волшебникот
Светлото и музика се на Марјан Тодоровски а режисер е Микица Илова
Премиерата на новата претстава „Волшебникот од оз“- наменета за децата беше синоќа,а денска на пладне ја видоа децата од ООУ„Д.А.Габерот “ Ваташа а ќе имаат можност да ја видат над 2.000 деца од основните училишта од 1 до 5-то одделение, и други заинтересирани од градот на престави за деца кои не се опфатени со училиштата.Како ретко кога , ова детска претстава ке влезе во редовниот репертоар на театрот при Домот на културата„Иван Мазов Климе„ Кавадарци.