Oва фотографија која ја позајмуваме од фото постот на Јадран Манчев, го симболизира времето на 70-сетите години, кога масовно на 2 мај се одеше на излет на Спомен паркот “12 другари„ и месноста Моклиште ( сега езеро Брана, Ресторан Моклиште). Тоа време работеше „вилата“ каде имаше „жива музика„.На фотосот ,ако добро ги распознавам,фотографирани се: Ангел Тотов- солист, Киро Ангелов-кларинет,Илија Илиев-Гранде-гитара, армоникаѓот не го препознавам.
Фотографијара ја снимил хрионичарот Бранко Ивановски (мој пријател-сега покоен) и е позајмена од архивата на Музеј Галеријата каде Иваносвки пред смртта го остави целокупното негово фото творештво (филмовим фотографии, дијапозитиви), за спомен на генераиите кои живеат и работат во Кавадарци.
На втората фотографија се наоѓаат „ другарите Стефан Малинков, Никола Липтов, Симон Галев, Лазо Шошев, Милан Шошев, Цандо Плачков со своите сопруги на второмајски излет кај реката Црна во близина на античкиот град Стоби. Тогаш во Кавадарци немали или имало многу малку коли, па се користела можност да се исползува секое превозно средство.“
П.Камчевски