Спортскиот клуб „Клисура“ во соработка со Општина Демир Капија на 18 и 19 мај го организира 6-отИнтернационалниот фестивал за спортови во природа „Аутдор-фестивал 2019“.
Настанот се одвива во Општина Демир Капија, а целта е преку рекреативното спортување и дружење во природа да се јакнат вредностите меѓу младите, еколошката свест, здравиот начин на живот и креативен активизам.
Организаторите на фестивалот ги повикува спортските федерации, клубови на планинари, велосипедисти, алпинисти, кајакари, параглајдеристи, извидници, спелеолози и други да се пријават за учество.
Утре- сабота, предвидени се трка,од кањонот до центарот на Демир Капија, рекреативна прошетка од кампот до црквата Св. Петка, „оф-роуд“ возење велосипед со посета на винарници и музејот на виното, кајак на диви води и рафтинг за сите пријавени учесници на фестивалот, презентација и пловење со кајак под менторство на искусните кајакари од ККК „Просек- МКД – од Демир Капија. За сите останати учесници во фестивалот покрај рекреативна зумба ќе се организира забавна програма и натпревари за деца во градскиот парк.
За вториот ден, од фестивалот се организира спортско качување во кањонот Демир Капија, планинарска тура до водопадите во Копришница, големата велосипедска тура и заеднички ручек со тавче–гравче во ресторан.
Котизацијата за учесници над 16 години е 500 денари, додека за помладите изнесува 400 денари. Кампувањето е бесплатно, а сите добиваат посебни попусти за ноќевање во други објекти и дегустација на вина.