Вечерва а во пресрет на денот на просветата, во Библиотеката „Феткин„ Кавадарци се одржа промоција на книгите „101 живот“ и „Семеен албум“ од професор Весна Мојсова Чепишевска.
Се работи за два наслова со сосема различна содржина пишувани во различно време , а секоја со своја матрица и тематика ,интересни за читање.Во „101 живот“ од Весна Мојсова Чепишевска и Елена Атанасиу се отсликуваат секојдневниот живот на две пријателки кои се запознале во 2011 година на летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид и преку електронските писма , преку дописките, преку пораките напишани на мобилниот телефон успеваат да раскажуваат, опишуваат, ослушнуваат, чувствуваат, сакаат, уживаат, тагуваат, болуваат/боледуваат, патуваат, (се) образуваат ... и едноставно да создаваат приказни, колку свои, толку и туѓи. Промоторка на ова книга беше Моника Илкова .
За романот пак „Семеен албум„ кој е издаден 2015 година за кој низ книжевна критика и прашања до авторот говореше некогашната нејзина студентка од Кавадарци сега дипломиран професор по македонски јазик Марија Камчева.Во ова книга познатата македонска авторка и универзитетски професор пишува за современи теми врзани со книжевниот Балкан и за местото на македонската литература и култура во него.
Промоцијата пред посетителите, ја отвори директорката на Библиотеката Феткин, Весна Гркова.
РТК.МК во понеделник на 20 мај ќе објави видео информација од овој настан.