Проектот од програмата МСИП, за ревитализација на главните улици во градот продолжува. Денеска ангажираната оператива на изведувачот „Бетон“, започна со поставување на завршниот (фин) слој асвалт на улицата „Пано Мударов“.
Се работеше на делницата од спојот со улицата „Гоце Делчев“ до триаголникот спроти црквата „Свети Димитрија“, односно на кракот кој минува покрај Противпожарниот Дом.По завршувањето на овој крак ќе уследи поставување на завршен асвалт на останатиот дел од улицата, а паралелно ќе се изврши и означување на хоризонталната патна сигнализација на пешачките премини, местата за паркинг од зонското паркирање, како и на линиите од патната сигнализација.