Малку познато е дека пред 70 години во Кавадарци речиси да немало приватно радио.Сите вести за населението се соопштувале преку разгласната радио станица-Кавадарци преку „инка„ (сега -звучник)на две локазции во градот.
На фотосот дедото ги чува внуците кои безгрижно си играат, аво исто време ги слуша најновите вести на Разгласната станица Кавадарци која имала два звучника. Едниот бил во чаршијата а другиот во Дарданелското маало. Програмата на разгласната станица ја подготвувале Илија Каровски, Александар Грков и Лазо Грозданов. Со техниката раководел Диме Мустеников Перодршковиќ. Фотографијата е од 1949 година.“
П.Камчевски