Вчера иселените жители од селото Клисура го одбележаа христијанскиот празник летен св. Никола заштитник на селото. Овде на овој ден за нив света божествена литургија отслужија свештени лица. И оваа година како и секоја на овој празник присуствуваа голем број на исeлени лица од родниот крај како и голем број на жители од Демир Капија и други општини. По отслужената литургија во придружба на жива музика, присутните со песна и оро и со настап на КУД Мирка Гинова од Демир Капија го продолжија прославувањето на големиот христијански празник.