Голема активност на ЕКО ЖИВОТ на 5 јуни-денот на планетата земја.
Eкo –живот, НВО Инфо-центар, општина Кавадарци и локалните јавни претпријатија, ве покануваат, на 5 јуни (среда), со почеток во 10 часот, во Витачево, во непосредна близина на езерото „Доне Попов“, да учествувате на еднодневниот настан во природа кој има за цел да ја подигне свеста за потребата од постојана и ефикасна заштита на животната средина, како на граѓаните, особено младите луѓе, така и на локалните власти.
Ова е убава можност граѓаните, младите, локалните власти и вработените во јавните претпријатија, да се сретнат, да разговараат, да дискутираат и секако, заеднички да ја исчистат околината на езерото, нашето омилено место за релаксација.
Зa настанот: „Младите и Општина Кавадарци, заедно за заштита на животната средина“ активно ќе ни се приклучат и членовите на подмладокот на Еко-живот.
Вашето учество може да го пријавите најдоцна до 4 јуни, на телефон 071-358-767, на мејл ekozivot@yahoo.com или во канцеларијата на Еко-живот, Сремски фронт бб, од 9 до 17 часот.
Дојдете на 5 јуни,во Витачево, да се дружиме и заедно да ја заштитиме природата!
Сакаме зеленило, а не загаден воздух и депонии!“- истакнуваат од ЕКО ЖИВОТ-Еко Центар Кавадарци .